Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Горан Пандев, денес влезе во историјата на италијанската Серија А. Тој настапи за својот тим Џенова на натпреварот со СПАЛ што е негов 400-ти натпревар во најквалитетната италијанска фудбалска лига.
Пандев на вечната листа фудбалери со 400 и повеќе настапи во Серија А е на 46.место.
Од странските фудбалери кои играат на Апенинскиот Полуостров само Самир Хандановиќ има повеќе настапи од Пандев.
Македонецот кариерата во Италија ја почна во тинејџерските денови како играч на Анкона (20 натпревари), а потоа беше дел од Лацио – 159 ннастапи, Интер – 46, Наполи – 92 и сега како член на Џенова 83 одиграни натпревари.