Осака назначи поранешен соработник на Серена Вилјамс за нов тренер

57
ФОТО: EPA / ALI HAIDER

Светската тенисерка бр.1, Наоми Осака (Јапонија) официјално го назначи Џермејн Џенкинс како нејзин личен тренер.

Триесет и четири-годишниот Џенкинс, поранешна ѕвезда на колеџ тенисот во САД, за последно работи како тренинг партнер на нејзината сонародничка Серена Вилијамс од 2015 година до крајот на минатата сезона.

Во јануари тој беше избран за национален тренер за развојот на женскиот одел во Американсакта тениска асоцијација (USTA).

Осака, која ги освои последните две Гренд-слем титули во САД и Австралија, се раздели со својот поранешен тренер Саша Баин пред две недели.

Џенкинс ќе направи деби како тренер на Осака на силниот турнир во Индијан Велс следната недела, каде Јапонката ќе ја брани титулата.

ФОТО: EPA / ALI HAIDER

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...