Што треба да јадете за да имате здрава тироида?

Калциум – го има во зелениот лиснат зеленчук, брокулата, млекото и млечните производи, сардината , лососот, школките, овесот, мешунките, јаткастите плодови.

1042

За здравјето на тироидата пожелни се следните хранливи материи:

1. Селен – се наоѓа во печурките, морските ракови, бакаларот, туната, телешкиот црн дроб, бразилските ореви, семките на сончогледот, житарките од цело зрно.

2. Цинк – се содржи во телешкиот црн дроб, црвеното месо, шампињоните, спанаќот, тиквичите.

3. Железо – природни извори се црвеното место, телешкиот црн дроб, рибата, јајцата, јаткастите плодови, семките од тиква, спанаќот, блитвата, зелката…

4. Калциум – го има во зелениот лиснат зеленчук, брокулата, млекото и млечните производи, сардината , лососот, школките, овесот, мешунките, јаткастите плодови.

5. Витамин Е – се наоѓа во ладно пресуваните растителни масла, пченицата, оревите, бадемите, лешниците, семките од сончоглед, доматот, авокадото, зелениот лиснат зеленчук.

6. Витамин Д – иако во помала количина е присутен во некои производи ( на пр. во помрсната морска риба, јајцата и млечните производи), како основен извор на витаминот Д се препорачува умерено изложување на сонце, бидејќи притоа телото само произведува витамин Д.

7. Омега-3 масните киселини – сардина, инчуни, лосос, туна, алги, ленено и маслиново масло, ореви.

8. Пробиотици или т.н. добри бактерии, кои природно се наоѓаат во кефирот и во другите видови ферментирани производи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...