Пресврт во истрагата за нападот врз Смолет, самиот платил за да го претепаат?

457
ФОТО: Принтскрин

Расистички и хомофобичен, со овие зборови беше опишан нападот врз ѕвездата на „Empire“, Јуси Смолет, пред три недели.

Сега, откако биле сослушани двајцата осомничени, полицијата изјавила дека има пресврт во истрагата, пренесува „Е! News“.

Според извори од истрагата на Си-Ен-Ен, актерот им платил на двајца мажи да го организираат нападот врз него.

Адвокатите на Смолет кажале оти актерот се чувствува нападнат поради изјавите дека тој самиот „играл улога во настанот“.

Полицијата сега барала повторно да разговара со Смолет.

ФОТО: Принтскрин

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...