Силјановска: Омбудсманот да ги провери вработувањата на блиските на функционерите

696

За вработувањата на синови, ќерки, сестри, и други блиски роднини на партиски и државни функционери aпелирам Народниот правобранител да покрене постапка за утврдување на прекршување на едно од основните права на граѓаните, правото на еднаквост при остварување на правото на работа, напиша на Фејсбук Гордана Силјановска Давкова, кандидат за претседател на државата, на огласот на ВМРО-ДПМНЕ.

– Стотици можеби илјадници луѓе се жртви на партиски инжинеринг во кој од процесот на пристап до вработување се елиминирани луѓе со високи квалитети. Високо едуцирани кандидати, вредни, искусни експерти, студенти, магистри, доктори на науки со највисоки оценки станаа жртви на системот за да се вработат блиски роднини на актуелни политичари во врвот на партиите и власта. Наспроти студенти со просек 10 во јавните претпријатија се вработуваат луѓе за кои воопшто не дознавме какви квалификации поседуваат. Не очекувам оваа власт да го спречи непотизмот на своите највисоки претставници. Но верувам дека Омбудсманот може по споредба на процедурите при вработување на децата и роднините на политичарите да започне ревизија на оваа дискриминација со која ќе биде исправена неправдата. Без обезбедување еднаквост за сите свесно се туркаат младите луѓе надвор и се зголемува недовербата на граѓаните кон владеење на правото и принципот на еднаквост кој е еден од темелите на нашиот уставен поредок, напиша Силјановска.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...