Мајката на Роналдо го брани: Таа не отишла во неговата соба да игра карти

Јас му верувам на мојот син кога станува збор за она што се случило. Ако таа отишла таму, сигурно не било за да игра карти. Таа била таму за нешто друго. Го знам мојот син, вели Авеиро.

619
ФОТО: EPA / STEFFEN SCHMIDT

Мајката на Кристијано Роналдо, Долорес Авеиро, го одбрани својот син од обвиненијата за силување.

Во САД во тек е полициска истрага, откако на 28-ми мај 2018 година, Катрин Мајорга го обвини португалскиот репрезентативец. Според неа, инцидентот се случил во 2009 година во Лас Вегас. Мајорга призна дека добила 375.000 долари за да се молчи за тоа што се случило, но скоро 10 години подоцна таа одлучи да подигне обвинение.

Мајката на ѕвездата на Јувентус пред португалски весник рече дека има целосна доверба во нејзиниот син. Таа, исто така, коментираше дека Мaјорга „не се качила во неговата хотелска соба да игра карти“.

– Јас му верувам на мојот син кога станува збор за она што се случило. Ако таа отишла таму, сигурно не било за да игра карти. Таа била таму за нешто друго. Го знам мојот син – вели Авеиро.

Самиот Кристијано Роналдо исто ги негира обвинувањата на Катерин Мајорга, дефинирајќи ги информациите како „лажни вести“.

ФОТО: EPA / STEFFEN SCHMIDT

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...