Почина ски скокачот Мати Никенен на 55-годишна возраст.
Никенен има четири олимписки злата и едно сребро, а на тронот на Светските првенства се искачил пет пати.
Финецот се женел пет пати, а неговото име повеќе пати се појавуваше во таблоидите.
Неговото пијанство понекогаш преминувало во насилство, а ноќевањата во затвор за него станале нешто сосем нормално.
Тој е обвинет и за обид за убиство, кога во 2009 година на Божиќ со нож ја избодел сопругата. Таа успеала да побегне кај соседите и да повика полиција.
За неговиот живот е снимен и филм, а Никенен го глуми познатиот фински актер Јаспер Паконен.
Напишана е и биографија со име „Поздрави од пеколот“.
Легендарниот ски скокач издал и три музчки албуми, а глумел и стриптизета играјќи на шипка.
ФОТО: EPA / MAURI RATILAINEN