Дежурни пунктови во „Јане Сандански“, „Бит-пазар“ и „Ѓорче Петров“ за преглед од морбили

138

Министерството за здравство соопшти дека на поради зголемениот број пациенти заболени од морбили на три пунктови во поликлиниките „Јане Сандански“, „Бит- пазар“ и „Ѓорче Петров“ има дежурни лекари секој работен ден од 19.30 часот до 7.30 наутро, а за викендите се на располагање 24 часа во текот на денот.

Во работните денови, родителите треба децата прво да ги однесат на матичен лекар. На овие три места ќе се вршат комплетни прегледи со лабораторија на децата чии родители ќе се посомневаат дека можеби се заболени од морбили (мали сипаници). Доколку лекарите утврдат дека е потребно, пациентите ќе ги упатуваат на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби.

– Апелираме до сите родители, кои ќе забележат или ќе се посомневаат на првите знаци на болеста, висока температура, децата прво да ги однесат на овие три пунктови за време на викенд – велат од Министерството.

Досега на Клиниката за детски болести се евидентирани 8 заболени вработени кои претходно биле вакцинирани против морбили и 4 деца пациенти.

Останува на сила забраната за посета на градинките од деца кои не се вакцинирани со МРП вакцината. Децата од училишна возраст задолжително да се вакцинираат ако не се вакцинирани или примиле само една доза од вакцината МРП. Сите здравствени работници што од кои било причини не се вакцинирани или не се сигурни во својот вакцинален стаус, да го направат тоа најбрз рок.

Министерството за здравство напоменува сите превентивни мерки и препораки против ширењето на болеста да се сфатат сериозно и без отстапки.

Станува збор за многу сериозно заболување кое предизвикува сериозни здравствени компликации. Болеста се пренесува од заразено лице на друго лице со кашлање, кивање и по капков пат.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...