Легендата на аргентинскиот и светскиот фудбал Диего Марадона, изрази надеж дека приватниот авион со неговиот сонародник Емилијано Сала не се срушил во морето, туку слетал на друг аеродром.
– Се надевам дека авионот слета на погрешен аеродром и ќе ги најдеме живи. Ова е ужасна лоша среќа. Кога ќе се појават такви ситуации, мислам на сите летови во мојот живот – изјави Марадона.
Дваесет и осумгодишниот аргентински фудбалер Сала на 21 јануари вечерта со мал приватен авион од Нант тргна кон Велс каде требаше да пристигне во својот нов клуб Кардиф. Некое време по полетувањето, авионот исчезна од радарските екрани во регионот на Каналските Острови. Во тек е операција за пребарување и спасување. Откриени се метални фрагменти, кои можат да бидат дел од исчезнатиот авион.
ФОТО: МИА