Стоилов по победата над Јапонија: Треба да се подобриме во одбрана

191

Стојанче Стоилов, кој беше прогласен за играч на натпреварот во победата над Јапонија со 38-29, веднаш по мечот изрази задоволство од победата на стартот на Светското првенство, но изјави дека тимот треба да се поправи во одбраната.

– Денеска беше релативно лесно, но не беше баш така на терен. Задоволен сум од победата, во одбраната треба да поправиме многу работи. Против Бахреин сме фаворити, а потоа ќе видиме. Ќе одиме на се или ништо со поголемите репрезентации – изјави Стоилов.

Следниот натпревар на Мундијалот за нашата репрезентација е против Бахреин, во недела од 14 часот.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...