Релито Дакар почнува со нешто историско

Престижниот офроуд маратон ќе се одржи за прв пат во историјата на територијата на само една држава – Перу. Стартот ќе биде даден вечерва по македонско време во перуанскиот главен град Лима, каде што ќе биде и финишот на 17-ти јануари.

296

334 екипи од 61 земја го почнуваат своето учество на 41-то издание на релито Дакар.

Престижниот офроуд маратон ќе се одржи за прв пат во историјата на територијата на само една држава – Перу. Стартот ќе биде даден вечерва по македонско време во перуанскиот главен град Лима, каде што ќе биде и финишот на 17-ти јануари.

Екипите ќе поминат траса од вкупно 5.000 километри, а десетте специјални фази вклучуваат 3.000 тркачки километри, 70 проценти од кои во песоците на пустината Сечура.

Првата фаза од Лима до Писко вклучува 247 километри.

Во трката ќе бидат промовирани шампиони во пет категории – автомобили, мотоцикли, камиони, ATВ и „баги“. Доста сериозно присуство кај екипите имаат и дамите, а дури 135 дебитанти се вклучени во натпреварувањето.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...