Веста за смртта на фудбалскиот виртуоз, еден од најдобрите фудбалери во овој регион, беше потврдена на сајтот на „црвено-белите“.
Популарниот Шеки е роден е на 8 ноември 1937 година во Штип, а за Црвена Звезда дебитираше во 1955 година и за 11 години во клубот одигра 470 натпревари, постигна 119 гола, освои седум титули во југословенскиот шампионат, како и пет Купа.
Како тренер на тимот ја освои двојната круна.
По Ѕвезда играше Карлсруе, американски Сент Луис, ОФК Белград и Париз, а како тренер работел во Гватемала, САД, а пред крајот на неговата кариера кратко во Обилиќ.
Подоцна ќе има информации за точното време на комеморацијата и погребот, пренесе Танјуг.