Вториот репрезентативец на Англија се најде во центарот на скандалот поврзан со кокаин, објавија британските медиуми.
Играчот за кој станува збор, а чие име не е споменато, е виден од страна на жена која го видела како влегува и излегува од тоалетот за време на Божиќната забава. Жената тврди дека пријатели на фудбалерот и понудиле и на неа дрога.
Репрезентативецот на „трите лава“ и ѕвезда на Премиер лигата бил исфрлен од клубот, затоа што бил толку пијан, што не можел да стои на нозе.
– Неколку пати ми беше понудено да пробам дрога. Играчот не можеше да се контролира себеси и постојано влегуваше и излегуваше од тоалетите. Се чинеше дека сите се под влијание на кокаин – објаснува сведокот пред „Сан“.
Вчера, излегоа информации за уште еден англиски репрезентативец, кој бил виден од страна на соиграч како шмрка кокаин.