100.000 евра месечно: Роналдо ѝ дава плата на Георгина за да ги чува децата

Георгина и Роналдо имаат четири деца, од кои едното го роди Георгина, а трите се од сурогат-мајка.

3565
ФОТО: Инстаграм

Кристијано Роналдо, фудбалер на Јувентус и една од најголемите ѕвезди на овој спорт, ја „плаќа“ својата девојка Георгина Родригез, објавија светските медиуми. Всушност, станува збор за месечен надомест.

Како што пренесува британскиот таблоид „Сан“, Роналдо ѝ дава на невенчаната сопруга 96.000 евра месечно поради тоа што останува дома и се грижи за децата, што за него не претставува проблем, бидејќи во Јувентус заработува речиси 30 милиони евра годишно.

Исто така, ексклузивните одмори на јахтите за родендените се регуларни случувања, а интересно е дека Георгина неодамна на Роналдо му купила за роденден автомобил и тоа „мрцедес“ од 110.000 евра, па сега е многу појасно од каде ѝ се толку пари.

Георгина и Роналдо имаат четири деца, од кои едното го роди Георгина, а трите се од сурогат-мајка.

FOTO: Instagram/Printskrin

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...