Џафери до ВМРО-ДПМНЕ: Барањето за ратификација на протоколот за НАТО пратете го до владата

1095

Претседателот на Собранието Талат Џафери и порача на  ВМРО-ДПМНЕ барањето за предлог-законот за ратификацијата на протоколот за НАТО да го го препрати до владата бидејќи таа, а не Собранието е предлагач на закон за ратификација.

Џафери објасни дека тоа не е обврска на Собранието.

– Според Деловникот, надлежноста за поднесување на предлог закон за ратификација на протоколот од НАТО е во надлежност на Владата – рече Џафери.

Координаторот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски денес побара Собранието да поднесе иницијатива до владата, со барање во најскоро можно време до Парламентот да го достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО).

– Нашата иницијатива има за цел да го забрза и да го обезбеди ратификувањето на Северноатланскиот договор и Пристапниот протокол за членство во НАТО од страна на Собранието, пред истото да се распушти заради одржување на предвремените парламентари избори, кои треба да се одржат на 12-ти април 2020 година – рече Мицевски.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...