Јувентус трет по популарност на Инстаграм

138
ФОТО: EPA / SERENA CAMPANINI

Бројот на следбеници на страницата на Инстаграм на Јувентус надмина 31,1 милион. Клубот од Торино го помина Манчестер јунајтед во овој индикатор и се искачи на третото место меѓу фудбалските клубови.

Вреди да се напомени дека бројот на претплатници во Јувентус нагло се зголеми по доаѓањето во клубот на Кристијано Роналдо. Во 2018 година, на почетокот на летото, италијанскиот шампион имаше „само“ осум милиони претплатници.

Водечките позиции ги заземаат Реал Мадрид и Барселона, со 77,5 милиони, односно 76,4 милиони претплатници.

ФОТО: EPA / SERENA CAMPANINI

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...