Шпанскиот тенисер Рафаел Надал денеска го совлада Алекс де Минар од Австраилја и се пласира во третото коло на Австралија опен.
За во моментов вториот светски рекет ова беше јубилејна 250-та победа на Грен слем турнирите.
Од него повеќе победи на најголемите четири тениски турнири во светот имаат Новак Ѓоковиќ (260) и Роџер Федерер (362).
Следниот противник на Надал на Грен слемот во Мелбурн ќе биде чешкиот тенисер Томас Бердих. Мечот за пласман во четвртфиналето ќе се одржи на 20 јануари.
ФОТО: EPA