Јапонските фудбалерки први ќе го носат олимпискиот факел

119

Женската фудбалска репрезентација на Јапонија која во 2011 година беше светски првак, ја доби честа прва да го носи олимпискиот факел во Токио следната година.

Не се знае колку фудбалерки ќе го носат факелот, но сигурно е дека церемонијата на пристигнување на факелот ќе се одржи на 26 март во Фукушима, и потоа како штафета ќе се пренесува од еден на друг, до свеченото отворање на Олимписките игри во август.

Факелот кој ќе се запали во Грција под планината Олимп на 12 март, ќе се носи низ 47 префектури во Јапонија, а ќе минува и низ неколку места кои се од светското културно наследство, како планината Фуџи и светилиштето Ицукушима.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...