Со полициска придружба пристигна специјалната јавна обвинителка Катица Јанева на погребот на својата мајка, објави Сител.
Во капелата на градските гробишта, полициските службеници ја спроведоа Јанева преку задниот влез.
Барањето за присуство на погребот, вчера до судијата на претходна постапка го упати адвокатот на Јанева. Обвинителката за гонење организиран криминал и корупција изјави дека човечки било да се дозволи Јанева да присуствува на погребот на својата 83-годишна мајка, која почина вчера пред приведувањето на специјалната обвинителка.