Кандидатурата на Нина Ангеловска за министер за финансии ќе се официјализира денеска

Ангеловска ја прифатила поканата од премиерот Зоран Заев да раководи со ресорот финансии во Владата.

7588

Централниот одбор на владејачката СДСМ, на денешната седница, треба да ја утврди Нина Ангеловска, ко-основач и извршен директор на платформата „Групер“, за кандидат за нов министер за финансии, објави Локално мк.

Ангеловска, како што информира порталот, ја прифатила поканата од премиерот Зоран Заев да раководи со ресорот финансии во Владата.

Ангеловска се очекува да биде предложена и за едно од потпретседателските места во  партијата. За овие места се прелдожени уште и министрите Оливер Спасовски, Дамјан Манчевски и Мила Царовска, пратеникот Мухамед Зекири коако и пи-ар експертот Коста Петров кој работеше и во кабинетот на на поранешниот министер за здравство, а сега градоначалник на Гостивар, Арбен Таравари.  Фросина Ременски. Петре Шилегов и Благој Бочврски заминуваат од потпретседателската функција.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...