Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа ја совлада поранешната 26-та тенисерка во светот Лорен Дејвис со 2:1 во сетови (6:7, 7:5 и 6:3) во првото квалификациско коло на Ју-Ес опен.
Натпреварот почна со доминација на фаворизираната американската тенисерка, која поведе освојуваќи го првиот сет.
Меѓутоа, Ѓорческа успеа да се врати во игра, по што направи пресврт и ги доби следните два сета.
Во второто квалификациско коло Ѓорческа ќе игра против хрватската тенисерка Јана Фет.