Ѓоковиќ против Надал во финалето во Рим

517

Новак Ѓоковиќ – Рафаел Надал е финалето на „Мастерс“ турнирот во Рим.

Шпанецот прв стигна до битката за титулата, откако го победи Стефанос Циципас со 6:3, 6:4. Во вториот полуфинален меч светскиот број 1 сретна сериозен отпор од Аргентинецот Диего Шварцман, но ја постигна третата победа во средбите меѓу нив по 6:3, 6:7 (2), 6:3.

Така Надал ќе го има најтешкиот можен ривал во обидот да ја одбрани титулата во Рим пред една година, која ја освои по победата над Александар Зверев. Пред една година, тие се сретнаа во полуфиналето, а победата отиде кај Надал.

Ова, исто така, ќе биде и вкупно петто финале помеѓу нив од 2009 година во италијанската престолнина. Шпанецот прв ја отвори серијата победи, а Ѓоковиќ се одмазди во 2011 година. Следната година Надал повторно беше подобар. Во 2014 година Србинот го освои трофејот. Ова ги прави двајцата најтрофејните тенисери на турнирот во Рим

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...