Ѓоковиќ за свиркањето на разочараната публика: Не обрнувам многу внимание на тоа

526
ФОТО: EPA / JUSTIN LANE

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ го заврши натпреварот на УС опен во осминафиналето, откако рано утрово му го предаде мечот на Швајцарецот Стен Вавринка на почетокот од третиот сет, поради повреда на рамото.

– Му честитам на Стен. Му посакувам се најдобро до крајот на турнирот. Искрено, не сакам да зборувам за повредата – рече Ѓоковиќ.

Во моментот кога го напушти теренот, публиката свиркаше.

– Не се наведив од никого, никој не се однесуваше лошо кон мене. Искрено, не обрнувам многу внимание на тоа. Знаете, сакам да ги почитувам другите, така да се надевам дека и другите ќе ме почитуваат мене и мојата одлука. Жал ми е за публиката, очигледно дојде да го виде целиот меч, ама тоа не се случи. Тоа е се – додаде тој.

Според него, ситуацијата во која се најде не е лесна.

– Очигледно е дека не сум ниту прв ниту последен играч кој се повлекол од голем натпревар. Само што излегов од теренот, но секако дека е болно – рече тенисерот.

Тој се надева дека одморот ќе го забрза заздравувањето и дека ќе биде во состојба да игра на турнирот во Токио.

ФОТО: EPA / JUSTIN LANE

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...