Познато е дека Новак Ѓоковиќ преферира водење на исклучително здрав живот. Дури и во својот ресторан во Монте Карло на гостите им нуди само здрава храна.
– Омилено јадење? Овошје. Било кое. Дали готвам? Не. Без готвење. Па на овошјето не му треба готвење – вели Ѓоковиќ во интервју за „Курир.рс“.
Кога е дома, сака да си подготви свежи салати, пудинг од чија и слично.
– Тоа сакам, полесна храна. Тоа и го подготвувам со голема желба за моите деца и останатите дома. Готвењето му го оставам на некој друг – додал тој.
ФОТО: EPA / ROLEX DELA PENA