Ѓоковиќ го победи Федерер и се пласира во финалето на Австралија опен

575

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ќе игра во финалето на Грен слемот Австралија опен, откако денес го победи Роџер Федерер (Швајцарија) со максимални 3-0 во сетови.

Најнеизвесно беше во првиот сет кој заврши со 7:6 на тај-брејк, а во следните два беше 6:4 и 6:3.

Ова беше јубилеен 50. меѓусебен дуел на тениските великани, по кои билансот е 27:23 во победи за Сринот.

Воедно ова е четврта победа во четвртото меѓусебно полуфинале на АО што го играле Ѓоковиќ и Федерер. Претходно, Новак исто така победи во 2008, 2011 и во 2016 година.

Во второто полуфинале на турнирот во Мелбурн утре се среќаваат Александер Зверев (Германија) и Доминик Тим (Австрија).

Фото: EPA-YOAN-VALAT

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...