Шок за Роналдо, неговиот фризер пронајден во локва крв во хотелска соба ФОТО

Фризерот имал состанок со „еден пријател“ кој завршил со расправија и убиство.

711

Фризерот на португалската фудбалска ѕвезда Кристијано Роналдо е пронајден мртов во една соба во хотел во Цирих (Швајцарија), објавија португалските и шпанските медиуми.

Рикардо Маркес Фереира (40) е пронајден на креветот во локва крв, а сè упатува на тоа дека е брутално избоден со нож.

Безживотното тело било пронајдено од една слугинка на хотелот. Фризерот имал состанок со „еден пријател кој завршил со расправија и убиство. Во собата се чувствувала смрдеа на алкохол.

Фереира, роден на португалскиот остров Мадеира, како и 34-годишниот фудбалер на Јувентус и репрезентацијата на Португалија Роналдо, последните две години живеел во Цирих.

Во хотелот престојувал една недела, па медиумите шпекулираат дека можеби е вплеткан во тамошното подземје, бидејќи тој дел од градот е познат по проституцијата и продажбата на дрога. Полицијата засега не исклучува ниту една претпоставка.

Фереира беше познат во Португалија, бидејќи освен за Роналдо, работеше уште за разни португалски актерки и пејачки.

 Ricardo Marques Ferreira was Cristiano Ronaldo's hairdresser

FOTO: Instagram/Printskrin

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...