Шкендија на гости го победи естонскиот шампион во квалификации за ЛШ

259

Македонскиот фудбалски шампион Шкендија оствари победа во првиот натпревар од 1. квалификациско коло против естонскиот шампион Номе Калју во Талин со 0:1 (0:0).

Единствениот гол за победа на тетовци беше дело на Агим Ибраими, кој реализираше од пенал во 81 минута од средбата.

Фудбалерите на Ќатип Османи за една недела го играат реваншот и ќе имаат одлична можност да обезбедат пласман во следната рунда натпревари од квалификациите за ЛШ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...