Шилегов ја бара сопственоста на спомениците од „Скопје 2014“ за да ги дислоцира

607

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов на денешната прес-конференција рече дека поднел барање до Општина Центар за преземање на одржувањето и на сопственоста на дел од спомениците од проектот „Скопје 2014″.

– Од страна на Град Скопје поднесено е барање до Општина Центар бидејќи ние имаме склучено Договор за одржување како Град, односно мојот претходник и претходникот на градоначалникот Саша Богдановиќ, склучиле Договор за одржување на спомениците и фонтаните, нешто што нашиот град го чини околу 500.000 евра годишно, а можеби и повеќе – одговори Шилегов на новинарско прашање.

Тој потенцираше дека проектот „Скопје 2014″ е неприфатлив затоа што е ментална контаминација на скопјани, особено на младите генерации. Затоа што зборуваме за град што никогаш не бил ваков и нема ваква традиција како што некој вештачки се обиде да ја наметне.

– Побарав од Општина Центар да ја предаде, покрај одржувањето и сопственоста, за да можеме ние да влеземе потоа во дислокација на дел од спомениците од проектот „Скопје 2014″. Барањето е поднесено, ги испитуваме законските можности, имајќи предвид дека станува збор за предизборие, дали може Советите да донесат такви одлуки и прифаќање на таква обврска, рече Шилегов.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...