Состојба со Ковид-19 во светот до 13 часот: Во ЕУ има 3.400 заразени, во САД 11 починале

СЗО објави уште едно предупредување во кое вели дека измамници се претставуваат како вработени во СЗО и од луѓето бараат пари и лични податоци.

511
epa08265941 South Korean soldiers spray disinfectant as a precaution against the novel coronavirus outbreak, at Guryong village in Seoul, South Korea, 03 March 2020. According to the Korea Center for Disease Control and Prevention (KCDC), 29 people in South Korea have died from COVID-19, with the nation's total infections nearing 5,000. EPA-EFE/KIM CHUL-SOO

Добри вести од Меѓународниот монетарен фонд кој изрази поддршка за земјите кои се борат и го ублажуваат влијанието на Ковид-19 врз економиите насекаде, особено оние со ниски приходи и поранливите, напиша на Твитер директорот на СЗО Тедрос Аданом Гебрејесус.

– Според Ворлдметар, во светот досега се пријавени 96.274 потврдени случаи на заразени со новиот коронавирус. Смртни случаи има 3.304, а излекувани се 53.900.

– До денеска во ЕУ се регистрирани 3.400 случаи на заразени со новиот коронавирус, соопшти претставник на Европската комисија на состанок на комисијата за здравство на Европскиот Парламент.

– Грција соопшти дека бројот на заразени се зголеми на 10 лица.

– Германија соопшти за 109 нови случаи на заразата за само еден ден со што вкупниот број на болни се зголеми на 349.

– Во САД бројот на смртни случаи од Ковид-19 се зголеми на 11.

– Јужнокорејските власти информираа за 467 нови случаи, со што вкупниот број на заразени во Јужна Кореја се зголеми на 6.088. Бројот на починати се зголеми на 36.

– Иран соопшти дека има уште 15 смртни случаи, со што вкупниот број досега изнесува 107. Сомнителни се 23.327 случаи, а потврдени се 3.513 инфекции, соопшти портпаролот на Министерството за здравство. Иран денеска ги затвори сите училишта.

– СЗО објави уште едно предупредување во кое вели дека измамници се претставуваат како вработени во СЗО и од луѓето бараат пари и лични податоци.

– Во Швајцарија е регистриран првиот смртен случај од новиот коронавирус. Се работи за 74-годишна жена која се разболела пред два дена.

– Хрватскиот министер за здравство Берош рече дека засега нема нови случаи на заразата во Хрватска.

– Забавувањето на производството во Кина поради појава на новиот коронавирус  ја нарушува светската трговија и може да резултира со пад на извозот во износ од 50 милијарди долари, се наведува во проценките објавени од Агенцијата за трговија и економски развој на ОН (УНКТАД).

– Речиси 300 милиони ученици во светот не одат на училиште, а Италија е последна во низата земји кои затвораат училишта со цел да го запрат ширењето на новиот коронавирус.

– На Исланд се заразени уште шест лица со што вкупниот број на заразени се зголеми на 26.

– Полска го потврди првиот случај на зараза. Се работи за маж кој допатувал од Германија.

– Во Индија се регистрирани вкупно 30 заразени лица.

– Јапонската префектура Шига соопшти за прва инфекција со новиот коронавирус, откако Меѓународниот олимписки комитет потврди дека Олимпијадата во Јапонија ќе почне според распоред во јули.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...