Поскапеа поштенските услуги – од 18 на 25 денари од плико

Да се испрати обично писмо од 1 март наместо 18 денари чини 25 денари.

393

Поштенските услуги преку ноќ поскапеа, се жалат граѓани и бизнисмени кои редовно ги користат услугите на Поштите во земјава. Од Пошта на Северна Македонија пак појаснуваат дека новата цена е поради усогласувањето на универзалната услуга со Законот за поштенски услуги.

Според законот, се укинуваат стапките на тежина на пратките „до 20 грама“ и „од 20 до 50“ грама и се воведува една стапка на тежина до 50 грама.

– За обично писмо денеска ми наплатија поштенска услуга од 25 денари. Досега ми наплаќаа 18 денари од плико. Кога реагирав вработената на шалтерот ми кажа дека има нова цена и нова грамажа. Дополнително, поскапени се и услугите на препорачаното писмо на 79 денари, додека вредносните пратки сега чинат 115 денари – се жалат граѓани и бизнисмени кои редовно ги користат услугите на Поштите.

Од Пошта велат дека од 1 март е извршено усогласување со Законот за поштенски услуги за тежина на поштенски пратки до 2 килограма во рамки на универзалната услуга и Правилникот за формирање цени на универзалната услуга, според кои и Правилникот за формирање на цени на универзалната услуга, според кои, кај обичните пратки е воведена само една стапка на тежина до 50 грама, наместо досегашните две „до 20 грама“ и „од 20 до 50“ грама.

– Претходните цени опфаќаа стапка на тежина до 20 грама и од 20 до 50 грама. Новата цена на писмо со тежина до 50 грама изнесува 25 денари. Усогласувањето на тежината до 50 грама е извршено според член 50 став 8 од Законот за поштенски услуги и одредбите од Правилникот за формирање на цени на универзалната услуга – велат од Пошта.

Оттаму додаваат дека кај другите пратки нема промена на цената.

За новите цени на услугите информираат од Пошта имаат добиено решение од Агенцијата за пошти.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...