Системот функционира и се подготвува за сите можни сценарија. Тоа значи дека и Армијата, буквално може да го зголемува своето присуство на границата, согласно потребите и согласно притисокот врз границата, изјави денеска министерката за одбрана Радмила Шекеринска, по најавите за ескалација на мигрантската криза.
Во моментот, објасни таа, притисокот врз нашата граница не е изразен повеќе од претходно. Но зголемениот притисок на грчко-турската граница довел до повлекување на грчките безбедносни сили и нивно фокусирање кон турската граница, што предизвика одредено поголемо придвижување на мигрантите кои веќе биле во Грција на север кон ЕУ.
– Сега состојбата е стабилна. Сакам многу сериозно да повикам на оваа тема да не се шират лажни вести и да не се создаваат дезинформации без разлика каква причина и каква агенда стои зад тоа – рече Шекеринска.