РЕК Битола набави 6 еко автобуси за превоз на вработените

475

Шест еко автобуси од крајот на годината же ги превезуваат вработените во РЕК Битола. Набавката на автобусите е вредна 104 милиони денари и ќе се реализира за осум месеци. Директорите на РЕК Битола и на Аутомакедонија од која се набавуваат автобусите, Златко Ќурчиевски и Зоран Дочински денеска го потпишаа договорот за набавката.

– Автобусите се од марката Исузу и се на природен гас со што ќе придонесеме за намалување на загадувањето на воздухот во Битола и околните општини, бидејќи ќе ги заменат старите дотраени автобуси, но и ќе обезбедиме поудобен превоз на вработените во РЕК Битола и рудниците. Се работи за еколошки и штедливи автобуси со рок на гаранција од две години или 200 илјади поминати километри и  рок од три години за поврат на инвестицијата,  – рече Ќурчиевски.

Тој информира дека е прва набавка на нови автобуси во РЕК Битола. Последната набавка на автобуси била во 2014 година кога биле набавени 10 половни автобуси кои имаат поминато 600.000 километри и се на дизел погон.

Како што беше речено на прес-конференцијата, автобусите во периодот кога нема да се користат за превоз на патници ќе превезуваат деца на училиште, пензионери и други граѓани, односно ќе се користат за превоз во Битола и општините Могила Новаци.

Директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски најави дека во иднина во план е набавка на автобуси и автомобили на електричен погон.

Тој соопшти дека е при крај и набавката на опрема за ископ на руда во РЕК Битола.

-На тендерот се пријавени 12 компании. Сега се врши евалуација на понудиите, а во законски рок ќе биде завршена и постапката за избор на економски оператор. Набавката треба да се реализира до крајот на годината- рече Ковачевски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...