Шестиот заразен во Словенија е маж кој на никаков начин не е поврзан со претходно заболените

Како што јави дописникот на МИА од Љубљана, последниот инфициран е 32-годишен маж, кој сам се пријавил во болницата во Марибор и на никаков начин не е поврзан со претходно заразените.

794

Словенечките здравствени власти соопштија дека се потврдени уште три нови случаи на коронавирусот, со што вкупната бројка на заразени лица се зголеми на шест.

Како што јави дописникот на МИА од Љубљана, последниот инфициран е 32-годишен маж, кој сам се пријавил во болницата во Марибор и на никаков начин не е поврзан со претходно заразените.

Тројцата заразени мажи кои беа заедно на патување во Мароко се во добра здравствена состојба.

Меѓу заразените има и маж и жена кои заедно биле на патување во Северна Италија и се претпоставува дека таму се заразиле.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...