Шведска во четвртфинале по триумфот над Швајцарија

Тимот во четвртфиналето ќе се сретне со подобриот од дуелот помеѓу Англија и Колумбија, кој е на програмата вечерва. 

123

Шведска се пласираше во четвртфинале на Светско првенство првпат од 1994 година откако победи со 1:0 против Швајцарија на „Санкт Петерсбург Арена“ во еден од најслабите натпревари од првиот круг на директните елиминации на Мундијалот 2018.

Сепак, успехот на Швеѓаните беше заслужен, откако организираа поопасни напади во натпреварот, но и многу вешто одиграа во одбрана.
Емил Форсберг го реализираше единствениот погодок во 66-тата минута, а со овој успех, скандинавците веќе се претворија во едно од најголемите изненадувања на шампионатот, и тоа без својата голема ѕвезда од последните години – Златан Ибрахимовиќ.
Тимот во четвртфиналето ќе се сретне со подобриот од дуелот помеѓу Англија и Колумбија, кој е на програмата вечерва.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...