Шахпаска: Тешко е да договорите закон кога преговарачот е обвинет за криминал

694
СДСМ нема да се откаже од Законот за јавно обвинителство затоа што не се откажуваме од стартот за преговори со Европската Унија. Но, на сите, освен на ВМРО- ДПМНЕ, им е јасно дека ако не испорачаме праведно, објективно и независно обвинителство дека не можеме да се надеваме на европска иднина за нашата држава, изјави пратеничката Јагода Шахпаска во емисијата Топ тема на телевизија Телма.
Таа уште еднаш ја повика опозицијата да се приклучи кон сите разумни политички, граѓански и меѓународни структури кои апелираат да се донесе законот затоа што само со владеење на правото се гарантира иднината на државата.
– Очекувам ВМРО-ДПМНЕ да ги надмине партиските и личните интереси и да гласа за законот. Но, знаете што, тешко е да преговарате со некого за закон кога знаете дека преговарачот од другата страна е обвинет или осомничен од СЈО и дека треба да одговара. На ВМРО-ДПМНЕ не му одговара законот само затоа што има предмети за многумина функционери, вклучително и пратеници кои мора да финишираат, а некои од нив да одат и во затвор – аргументираше Шахпаска.
Пратеничката потсети на поголем број настани од времето на режимот на Никола Груевски, како што е крвавиот 27 април, кои значително влијаеле на уназадување на државата. Тоа граѓаните нема да го заборават и нема да гласаат одново некој да им ја украде слободата и парите.
– Помина ловот на вештерки со лустрацијата, помина изборот на судии од полициско тефтерче и ако сакаме владеење на правото и правна држава тогаш законот за обвинителство мораме да го донесеме. ВМРО ДПМНЕ 20 години промовира квази патриотизам, нивните преставници во ТВ дебатите само дефокусираат и манипулираат, бегаат од главните теми или ја менуваат темата, но никогаш не сакаат да има решение за проблемите – изјави Шахпаска.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...