Нападот на домашните навивачи e снимен и поставен на фејсбук.
Според информацијата објавена во медиумите неголку фанови на Косово во Приштина го пресретнале навивачот на Чешка кој извикувал „Косово е Србија“, го претепале и избегале.
Препукувањата и пресметките помеѓу Чесите и Косоварите траат неколку денови, а вчера во Приштина беше уапсена една навивачка на Чешка која сакала да пушти дрон на стадионот со српско знаме и натпис „Косово е Србија“, но била спречена од полицијата.
Мечот заврши со победа на Косово со 2-1 ја победи Чешка. Косово освои три бода во борбата за пласман на Европското првенство.