Четири приведени лица на ученичкиот протест во Солун против Договорот од Преспа

234

Протестот во Солун организиран од ученици од средни училишта заврши со мали инциденти меѓу група маскирани лица и полицијата, а беа приведени четири лица, објавуваат солунските медиуми.

Според истите информации, во малиот инцидент група маскирани лица ја нападнала полицијата со предмети, која,пак, возвратила со шок бомби, а подоцна привела и четири лица.

Учениците во Солун, со паролата „Македонија е грчка” и со грчки знамиња и знамиња со сонцето од Кутлеш маршираа по улиците и стигнаа до Министерството за Македонија и Тракија.

Насобрните ученици ги предводеше момче на коњ.

Грчките медиуми објавуваат дека околу 100 средни училишта во Северна Грција се под опсада, додека пак приближно толкав е бројот и на оние училишта, претежно во Атина, кои што се против нивните соученици и се антинационалистички и антифашистички ориентирани, јави дописничката на МИА од Атина.

Протести против Договорот од Преспа, освен во Солун, се одржаа и во други градови во Северна Грција.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...