Хрватска експлодираше од среќа, а принцот Хари се тешеше со „Франк“ чај од камилица (ГАЛЕРИЈА)

По победата над англиската репрезентација, Хрватите прославуваа низ цела држава громогласно, со огномети и петарди, а особено на островите кадешто има многу англиски туристи.

989

Откако синоќа во второто судиско продолжение Хрватска со 2-1 ја победи Англија и за прв пат во својата историја ќе игра во финале на Светско првенство, Хрватите громогласно ја прославија својата победа. Прославата им беше особено „слатка“ на островите кадешто традиционално летуваат англиските туристи.

Хрватската компанија „Франк“ (производител на чај и на кафе) воочи натпреварот со Англија му испрати на принцот Хари чај од камилица – за смирување. Се разбира, чајот е на Франк, а принцот го добил во специјализирана кутија ‘Keep Calm and Dream On’.

„Англија е позната по фудбалот и по пиењето чај. Нашите репрезентативци одамна покажале дека Хрватска е голема сила на фудбалската карта на светот, а ние со својот чај одлучивме да му го олесниме на принцот гледањето на денешниот натпревар, затоа што покрај врвната игра на нашите, нема да му биде лесно“, порачале од „Франк“.

Во недела хрватската репрезентација ќе се бори со Франција за големиот пехар.

Очекуваме францускиот претседател Макрон воочи натпреварот да добие хрватска лаванда – можеби е посилна од провансалската, а дефинитивно, и нему ќе му треба за смирување.

Фото галерија: Стефани Павловска

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...