Хрватска во финале на ЕП во ракомет, Норвешка ќе игра за бронза

292

Во драматичен натпревар и по 80 минути игра и две продолженија, репрезентацијата на Хрватска ја победи Норвешка со 29:28 на ЕП во ракомет. Победничкиот гол го даде Жељко Муса на 3 секунди пред крајот на натпреварот.

Најефикасен хрватски ракометар беше Домагој Дувњак, кој беше прогласен и за МВП, со осум гола, шест гола додаде Мариќ, a Хорват реализира четири, a Степанчиќ три гола.
Прв стрелец кај Норвежаните беше Сандер Сагосен со десет погодоци, Гулеруд, Танген и Јоханесен дадоа по четири.

 

Норвешка ќе игра за трето место на ова првенство, а противниците ќе бидат познати   вечерва по средбата Шпанија – Словенија.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...