
Филмскиот продуцент Харви Вајнштајн (67) беше прогласен за виновен во њујоршкиот суд за сторено кривично сексуално дело врз една жена и силување друга жена. Тој пред три дена беше одведен во неславниот њујоршки затвор „Рикерс“.
Неговиот портпарол, Џуда Енгелмајер, рече дека Вајнстинн паднал во затворот и дека е повреден, пренесува Си-ен-ен.
– Тој рече дека главата многу го боли и мисли дека има потрес на мозокот. Засега не добил конкретна дијагноза – рече Енгелмајер, а други детали за настанот не се познати.
Епскиот пад на могулот на филмот сега е завршен. Тој беше продуцент на филмовите како „Евтини приказни“ и „Вљубениот Шекспир“ освојувајќи вкупно 81 Оскари.
Гламурозниот начин на живот на Менхетн и Лос Анџелес во кој некогаш уживаше го замени со државна затворска ќелија во Њујорк.