Трамп се ракувал со двајца конгресмени кои сега се во карантин

159

Американскиот претседател Доналд Трамп не бил тестиран за новиот коронавирус иако бил во контакт со најмалку двајца конгресмени кои се под карантин. Конгресмените учествувале на конференција заедно со човек кој е позитивен на новиот коронавирус.

„Претседателот не е тестиран за Ковид-19 бидејќи немал близок контакт со луѓе за кои се потрвдено дека се заразени со вирусот, ниту имал какви било симптоми. Трамп е со одлично здравје“, наведува во пишана изјава портпаролката на Белата куќа, Стефани Гришам.

Најмалку петмина конгресмени се доброволно во карантин. Меѓу нив се и двајца републиканци кои имале контакти со Трамп во изминатите денови откако биле изложени на вирусот на конференција во Мериленд од 26-29 февруари.

Конгресменот Мет Гец патувал во претседателскиот авион „Ер Форс 1“ со кој Трамп се враќал во Вашингтон, а објави дека „11 дена претходно бил во контакт со лице кое било позитивно на коронавирусот“.

„Иако конгресменот нема симптоми, тој остана дома и ги чекаме резултатите од неговиот тест“, напиша неговиот тим на Твитер, додавајќи дека во самоизолација ќе биде 14 дена.

Друг републикански конгресмен, Даг Колинс, кој во петокот се состана со Трамп, изјави дека доброволно ќе остане во карантин и покрај тоа што немал никакви симптоми, бидејќи на крајот од февруари бил изложен на коронавирусот.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...