Хаос на Инстаграм поради старите фотографии од венчавката на една од најубавите актерки ФОТО

Од бракот со Ферер го има синот Шон, додека од бракот со Доти има уште еден син, кој се вика Лука.

3563

Британската актерка и модел, Одри Хепберн, остана запаметена како една од најубавите актерки кои се појавиле на филмското платно. Нејзиниот љубовен живот бил бурен, била свршена, после што се мажела два пати.

Еда Кетлин ван Хемстра Хепберн-Рустон, како што гласело нејзиното цело име, била во 50-тите година свршена со Џејмс Хенсон, за подоцна да се омажи два пати, со актерот Мел Ферер и италијанскиот доктор Андреа Доти.

Од бракот со Ферер го има синот Шон, додека од бракот со Доти има уште еден син, кој се вика Лука.

Пред својата смрт го запознала Роберт Волдерс, со кој била во врска, иако никогаш не се венчале.

Неодамна на Инстаграм се појавиле фотографии од нејзината прва венчавка, со американскиот актер, режисер и продуцент Мел Ферер. Од него се развела во 1968 година.

На црно-белите фотографии двајцата делуваат вљубено, а за само еден ден откако биле поставени, добиле повеќе од 14.000 лајкови.

Инаку, Хепберн на почетокот на 90-тите години открила дека има рак на слепото црево. Се оперирала во Лос Анџелес, но тоа не помогнало. Починала на 20 јануари 1993 година во малото место Толокеназ, Швајцарија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...