Проговори Гркинката заразена со коронавирус

Во интервјуто за емисијата „Заедно и во викенд“, жената раскажала дека заедно со својот сопруг се вратила од Милано

2019

Четириесетгодишната жена од населбата Маруси во Атина е првата заразена од коонавирусот во престолнината на Грција, а за тоа како се заразила и што следувало понатаму раскажала за грчките медиуми, пишува „Телеграф.рс“.

Во интервју за емисијата „Заедно и во викенд“, жената раскажала дека заедно со својот сопруг се вратила од Милано, отишла кај државен лекар каде што чекала ред со часови после што одлучила да посети приватен лекар.

– Се вративме во саботата вечер од Милано. Веќе во неделата бев дома со своето семејство. Во понеделникот отидов на работа, а дури во вторникот видов известување дека сите кои бил во посета на Италија би требало да бидат тестирани.

Во средата добив температура 38,2 степени Целзиусови. Дежурниот лекар од фирмата во која работам ми рече да одам во болница да се испитам. Ги контактирав надлежните служби и ми рекоа да носам маска и да не ја симнувам.

Отидов во болница заедно со сопругот, се јавив на дежурниот влез и објаснив дека се сомневам дека имам коронавирус. Им нагласив дека доаѓам од Милано. Го внесоа тоа во протоколот, ми дадоа бројче и ми кажаа да чекам. Бев 166-та по ред, а штотуку го повикуваа 133 пациент.

Исто така, ми рекоа дека не сум приоритетен пациент и да бидам подготвена да чекам 4-5 часа. Дури по 45 минути го примија 135-от пациенти. Го прашав лекарот која е процедурата за да дојдам утре и да направам тест. На крај отидов кај приватен лекар утредента во 6 часот наутро и утврдија дека имам коронавирус – раскажала жената во емисијата.

Неименуваната Гркинка вели дека нејзината ќерка во моментот се наоѓа во Лондон каде што отишла заедно со група студенти од Атина и дека ѝ рекла да остане таму додека не се утврди дали и таа е заразена.

– Секој ден сум во контакт со мојата ќерка. Штом ги добив резултатите од тестот се јавив на нејзиниот факултет затоа што тоа е моја морална обврска да ги информирам луѓето со кои членовите од моето семејство секојдневно се во контакт. Мојата ќерка нема никаки симптоми, но поради безбедносни причини ќе остане во Лондон извесно време – заклучила жената во разговор со грчките медиуми.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...