ФФМ со реакција за случката со Алиоски: Омразата не игра на наш терен!

616

Фудбалската федерација на Македонија најостро го осуди говорот на омраза чија последна жртва беше нашиот репрезентативец и фудбалски амбасадор, Езџан Алиоски.

– Ние како федерација и институција која е социјално одговорна и се залага за развој на позитивните вредности во општеството секогаш ќе стоиме на страната на правичниот третман и почитувањето, без оглед на верската, националната припадност, расата или бојата на кожата!

Сите репрезентативци кои со гордост го носат националниот дрес се нашите најголеми амбасадори, и заслужуваат секаква почит! Уште еднаш сакаме да порачаме – Омразата не игра на наш терен! Да ја исклучиме и од нашето окружување!

Ги повикуваме институциите на системот соодветно да реагираат на ваквите немили настани, со цел никогаш да не се повторат, се вели во соопштението на ФФМ.

Алиоски денеска бил избркан од ресторан во Прилеп, од каде потекнува, бидејќи со своето семејство зборувал на албански јазик.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...