ФФМ со премија од 4 илјади евра за репрезентативците кои настапија против Летонија и Словенија

170

Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија на денешната седница донесе одлука да исплати премија во висина од четири илијади евра за фудбалерите кои настапија за А репрезентацијата на Македонија на квалификациските натпревари за пласман на ЕП 2020 против Летонија и Словенија.

У.О. на ФФМ донесе одлука и Марјан Стојкоски – Манта да биде назначен за национален координатор на селекциите на Македонија. Стојкоски е поранешен репрезентативец на Македонија и трофеен фудбалер во прилепска Победа, Македонија Ѓ.П. и Вардар. Како фудбалски функционер беше дел од структурите на ФК Победа и ФК 11 Октомври. Марјан Стојковски е претседател на ОФС Прилеп.

ФФМ на денешниот состанок реши и Лазар Ракиџиев да биде назначен за потпретседател на Фудбалската федерација на Македонија. Лазар Ракиџиев е претседател на Општинскиот фудбалски Сојуз – Велес и член на Управниот одбор на ФФМ.

Во врска со одржаниот состанок на Одборот на клубовите од Првата МФЛ каде се дискутираше за формирање на Здружение на клубови од Прва МФЛ (прволигаши), од Федерацијата објаснија дека согласно Статутот на ФФМ, клубовите од Првата македонска лига можат во секое време да формираат Здружение на прволигаши и на тој начин дополнително да бидат претставени во Собранието на ФФМ.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...