Фудбалски судија почина на натпревар на 32 години (ВИДЕО)

1081

Судијата Виктор Хуртадо починал за време на натпреварот од 25.коло во националниот шампионат на Боливија меѓу екипите на Олвејс Реди и Петролеро (5:0).

Според тамошните медиуми, трагдеијата се случи во второто полувреме кога срцето на 32-годишниот судијата престанало да работи. Лекарите од двете екипи се обиделе да му помогнат. Потоа, тој бил испратен во болница, но лекарите не можеле да го спасат.

Исто така е објавено дека лекарите на стадионот успеале да го реанимираат Хуртадо. Меѓутоа, во болницата, тој повторно имал срцев удар, што доведе до смрт.

Боливискиот претседател Ево Моралес преку Твитер изрази сочувство до роднините и пријателите на арбитерот.

ФОТО: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...