Нов голем фудбалски скандал ја тресе Белгија. Во центарот се најдоа екс тренерот на Црвена звезда, Александар Јанковиќ и поранешниот спортски директор на Стандард, Оливие Ренар.
Тужба против двајцата поднесе претседателот на клубот од Лиеж, Бруно Венанчи кој ги обвини за малверзации при трансферите на Гојко Цимирот, на Милош Косановиќ и на Филип Младеновиќ. Притоа, според Венанчи, Јанковиќ заработил 250.000 евра, Дејан Вељковиќ – 170.000 евра, а Ренар – 20.000 евра.
Според белгиските медиуми, Венанчи станал свесен за измамите по испрашување на Вељковиќ во случајот за „операција нула“ кога имаше увид во документите за трансфери на Стандард во периодот од 2016 година до 2018 година и скапо платените договори за менаџери.
Јанковиќ ги отфрли обвинувањата и рече дека нема никаква врска со посочените случаи.
– Дали тоа зборуваат за трансфери на Младеновиќ, Цимирот и Косановиќ? – Првиот беше склучен пред моето доаѓање во клубот, вториот се случи непосредно по моето заминување, а за третиот воопшто не бев за ангажман. Неосновано обвинување на луѓе е опасно и погрешно. Ќе мора да влоќам жалба за да ја симнам дамката од моето име – рече Јанковиќ.