Бразилскиот фудбалер Хулк (33), поранешен фудбалер на Порто и Зенит, направи вистински хаос во својата земја, но не заради работите што ги прави на фудбалските терени, туку во прашање е неговиот приватен живот.
Хулк со година ги урива одбраните во руската и кинеската лига, а овој пат ја промени тактиката и го урнал својот – брак! Фудбалерот кој по конституцијата навистина изгледа како истоимениот зелен јунак Хулк, својата сопруга Иран Анџело ја изневерил со нејзината внука!
Долгите 12 години брак отишле во ветар и магла, а Хулк и внуката на неговата сопруга, Камила, сè признале, за да на мир ја продолжат својата врска. Освен наизглед совршениот брак, фудбалерот го уништил и семејството, па ги напуштил трите деца кои ги добил со Иран.
И самата Иран одлучила да му испрати порака на Хулк во јавноста обвинувајќи го дека го уништил семејствотот и дека ѝ нанел голема болка.
– Тажно е тоа што господинот Хулк не беше само задоволен со фактот дека уништи 12 години брак туку одлучи да нанесе нова болка на личност која секогаш му пружаше љубов, внимание, почит. Истото им го направи и на своите деца кои требаше да му бидат на првото место – рекла Иран.
Камила ѝ била омилената внука на Иран, а внуката ѝ се обратила на својата тетка преку социјалните мрежи велејќи ѝ да се соочи со новонастанатата ситуација, но откако ја нападнале со негативни коментари и осуди, го избришала профилот на Инстаграм.
Хулк и Камила ја почнале врската во октомври, а на обвиненијата на сопругата (со која сè уште е законски во брак) на неформален начин ѝ одговорил објавувајќи фотографија со своите деца и напишал:
„Никогаш не дозволувајте комплиментите да ве заведат, а критиките да ве раздрмаат. Секогаш бидете она што сакате, а не она што другите го сакаат.“
Многумина помеѓу Камила и Иран гледаат огромна сличност.
– Не сакаат притисок поради оваа ситуација и одличија сè да објават за да не се кријат и понатаму – рекол извор близок на новиот љубовен пар.
ФОТО: Инстаграм/Принтскрин
FOTO: Tviter/Printskrin