ФОТО Пронајдени фосили од желка со големина на автомобил

388

Во Јужна Америка уште се откриваат фосили од желки со големина на автомобил. Новите се пронајдени во пустината Татакоа во Колумбија и областа Урмако од Венецуела, пренесува Би-Би-Си.

Желка наречена stupendemys geographicus, како што се претпоставува, живеела во областа пред седум до 13 милиони години. Првите фосили од ваква желка се пронајдени 1970-тите години, но овие животни сè уште се мистерија за научниците.

Долги се четири метри, односно биле големи и тешки колку еден просечен автомобил и ги населувале мочуришните предели ширум Јужна Америка, пред да се создадат реките Амазон и Ориноко.

Денешните џиновски желки, за споредба, растат до 1,5 метри во должина.

Мажјаците имале издолжен преден дел од оклопот, во облик на рог, а длабоките лузни на фосилите укажуваат дека тие биле користени како одбрана против противниците. Желките живееле на дното на езерата и реките, заедно со џиновските крокодили, и се хранеле со помали животни, растенија, овошја и семиња.

Нивната големина била клучна во одбраната против другите грабливци. Во еден од пронајдените фосили има заглавен скршен заб од крокодил.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...