Филипче: Француската фирма Bouygeus и германската Vamed во трка за изградба на Клинички

Министерот најави дека во следните два-три месеци ќе биде готов електронскиот регистар за малигни болести, кој досега го немаше. Се прави во соработка со претставници на Европската комисија и Светската здравствена организација.

279

Две компании се во втората фаза од процесот за избор на фирмата, што ќе го гради новиот Клинички центар во Скопје – Vamed и француската Bouygues construction, изјави министерот за здравство Венко Филипче во интервју за Фактор.

– Процедурата е во фаза на конкурентен дијалог. Има три фази, фазата на евалуација заврши, останаа две компании германската Vamed и француската Bouygues construction, коишто сега влегуваат во фаза на дијалог – рече Филипче, кој појасни дека дијалогот се уште не е почнат, бидејќи се уште трае рокот за жалби од претходната фаза.

Тој вели дека засега нема жалби и за време на дијалогот се оди кон финалниот драфт на договорот кој ќе се тендерира.

– Значи преку дијалог со дискусија и разговор за она што ние го бараме од физибилити студијата од тие искусни компании, ние го дизајнираме тој договор кој ќе биде предмет на тендерирање. И тоа е третата фаза. Согласно сегашната динамика и динамиката на Министерство за финансии со преговорите со финансиерите мислам дека имаме шанси да завршиме оваа година или на почетокот на следната – нагласи Филипче.

Во интервјуто, министерот Филипче истакна зголемувањето на сумата на капитациониот бод за 15 отсто на општите лекари, стоматолози и гинеколози е делот од крупната реформа која се прави на примарната здравствена заштита.

Министерот најави дека во следните два-три месеци ќе биде готов електронскиот регистар за малигни болести, кој досега го немаше. Се прави во соработка со претставници на Европската комисија и Светската здравствена организација.

Филипче истакна дека сега се во фаза на набавка на најсовремен акцелератор кој ќе има тип на зрачење што го немало до сега.

– При крај се и до крај на декември ќе бидат во функција акцелераторите во Градската општа болница „8 Септември“ и Клиничката болница во Битола, со тоа ќе има терапија за пациентите и во друг регион па нема да мора да патуваат и да лежат на скопската клиника – рече Филипче.

.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...